Од таборот на Манчестер јунајтед се подготвуваат за секакво сценарио во врска со францускиот фудбалер Пол Погба.
Играчот од средниот ред се уште не ја продолжил верноста со клубот од „Олд Трафорд“ и веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со заинтересираните клубови за неговиот потпис.
Доколку Погба не остане во Манчестер јунајтед, од клубот ќе тргнат по услугите на Франк Кеси од Милан кој исто така останува без договор по крајот на оваа сезона.
„Калчомеркато“ пренесува дека тимот од „Олд Трафорд“ е само еден од неколкуте заинтересирани клубови за ангажман на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.
Освен Јунајтед, за Кеси сериозен интерес има од ПСЖ и Тотенхем, но се верува дека доколку Погба продолжи на „Паркот на принцовите“, токму „ѓаволите“ ќе ја имаат фаворитската улога за неговиот потпис.