Тринаесетгодишниот пливач од Охрид, Марко Пејчиноски, успеа да исплива од Охрид до Струга и назад. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути.
Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.
Марко претходно направи уште еден подвиг, откако преплива од Охрид до Св. Наум на 3 јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.
Младиот пливач на 28 август пред три години го преплива Охридското Езеро за девет часа.
