Маск го повика Путин на дуел, Москва вели „млад си ѓаволче“

Илон Маск преку Твитер го повика рускиот претседател Владимир Путин на дуел еден на еден. Влогот е Украина, односно ако Маск победи, Путин да се повлече од Украина.

“Го предизвикувам Владимир Путин на дуел. Еден на еден. Влогот е Украина“, порача Маск преку Твитер.

Подоцна, на руски, тој го праша официјалниот твитер профил на рускиот Кремљ – дали сте согласни на овој дуел?

Одговор дојде од директорот на руската вселенска агенција Дмитри Рогозин кој преку стих на Пушкин му порача дека е уште млад:

„Ти, ѓаволче, си уште млад,

Да се натпреварувам со oд мене послаб

би било само губење време

Прво стигни го мојот брат“.

Останати вести