Жителите на Квинсленд имаа можност да видат спектакуларна глетка на небото за време на викендот.
Станува збор за метеорит кој го осветли ноќното небо, многумина видоа зелено-бело светло, додека некои тврдат дека слушнале и силна експлозија.
Се собираат податоци за да се утврди локацијата каде падна метеоритот, а трагите моментално укажуваат на градот Кројдон. Многу колекционери сакаат да пронајдат делови од метеоритот.