МЗ: Од 340 болни од ковид кои се в болница 81 % се невакцинирани

Во македонските болниците моментално лежат 340 болни од ковид-19, од кои 19% се вакцинирани, а 81% не се вакцинирани, соопшти Министерството за здравство. Изминативе неколку недели, додека се шири сојот омикрон, намален е притисокот врз болниците за хоспитализации, но зголемени се амбулантските прегледи кои се движат и до стотина пациенти на ден од болница.

Во периодот од 6 август 2021 до 13 јануари 2022, во земјата се регистрирани 85.593 лица со ковид-19, од кои 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079, а 53.514 односно 63% не биле вакцинирани.

Според анализата, во истиот период 78% од починатите лица со ковид биле невакцинирани, а 22% имале примено вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Од Министерството за здравство апелираат на помасовна вакцинација, како единствен начин да се избегне зараза или тешки форми на болеста.

Моментно во Македонија активни се скоро 16.000 инфицирани со ковид-19. Од почетокот на пандемијата има речиси 242.000 заразени и 3.880 починати.

Останати вести