Со голема радост и гордост се одбележа завршетокот на уште еден успешен период на младите играорци на КУД “Бисер”. Прекрасно беше да се види како најмладите членови од Македонската заедница во Џилонг со љубов и посветеност ги негуваат македонските обичаи и традиции – тие се нашата иднина и срцето на нашата култура.