За многу од нашите играорци, македонските традиции се нешто што го научиле далеку од татковината – тие се родени тука, во Австралија, и со гордост ги продолжуваат песните, ората, јазикот и духот што им ги пренеле нивните родители, баби и дедовци.
Нашите играорни друштво се многу повеќе од фолклор и танц. Тие се дел од идентитеот и заедништвото и даваат чувство на припадност.
Друштвото „Александар Македонски III“ во југозападните предели на Мелбурн постои за нашите деца да растат горди на своите корени, истовремено создавајќи пријателства, самодоверба и спомени што ќе траат цел живот.
Преку играта, музиката и дружењето, младите генерации ја запознаваат и ја чуваат богатата македонска култура, пренесувајќи ја понатаму со љубов и почит.
Доколку вашето дете сака да се поврзе со своето македонско наследство и да биде дел од една топла и пријателска заедница, со задоволство од друштвото ве покануваат да се придружите. Тренинзите се одржуваат во салата што е дел на црковната општина “Св. Злата Мегленска” во Хоперс Кросинг.
26 Jun 2026