Морисон во пандемијата седел на повеќе министерски позиции

Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од Ковид-19, предизвика политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага.
Прајминистерот Ентони Албанезе го обвини поредходниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции а за тоа не ги известил веќе именуваните ресорни колеги, парламентот или гласачите.
Дополнителните ресори на Морисон се следните:

  • во Министерството за здравство од 14 март 2020 година;
  • во Министерството за финансии од 30 март 2020 година;
  • во Министерството за внатрешни работи од 6 мај 2021 година;
  • во Трезорот од 6 мај 2021 година и
  • во Министерството за индустрија и наука од 15 април 2021 година.

Морисон се извини затоа што не ги објавил дополнителните себеназначувања за време на неговото премиерствување, но тврди дека сметал оти тоа било неопходно во тоа време поради пандемијата.

За каква било навреда на моите колеги, се извинувам. Водев извонреден тим кој заврши одлична работа и ми пружи голема услуга и лојалност како министри, рече Морисон.
Албанезе изјави дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан“.
– Се работи за политички потези што би ги исмејувале, доколку беа во недемократска држава. Скот Морисон ја водеше Владата од сенка, тврди Албанезе.
Скандалот фрли светлина врз нетранспарентноста на одлучувањето во австралиската влада и го постави прашањето дали се потребни построги мерки за зачувување на демократијата. Се слушнаа и повици тој да си поднесе оставка во местото во Парламентот.
Изјавите на Морисон дека го правел ова во суштина за наше добро – за да нè заштити во пандемијата во време на интензивни економски предизвици и здравствена вонредна состојба – мириса на ароганција.
Ако тогашниот прајминистер искрено верувал дека му се потребни овие дополнителни овластувања за да ги заштити во случај на болест министрите во неговиот кабинет – зошто не им кажал на самите министри? Зошто и јавноста е чувана во темнина? Зошто бил смислен тивок план далеку од парламентарната контрола?
Се уште не е познато што се случувало, но медиумите објавија дека тој го презел управувањето со ресурсите и ја искористил својата моќ за да го запре голем проект за гас во близина на брегот на Сиднеј.
Конзервативците на Морисон ја загубија власта на изборите во мај, ставајќи крај на речиси една деценија владеење на десниот центар во земјата.

Останати вести