Сиднеј Македонија ја започна сезоната и играше нерешено со Хилс Јунајтед, поделувајќи ги бодовите во возбудливата средба со шест гола.
Македонија одлично започна и во осамата минута поведе, откако Џонатан Гроздановски беше соборен во казнениот простор а судијата покажа на белата точка. Сигурен извршител на најсторгата казна беше Анте Томиќ за 1:0.
Хилс Јунајтед го најде својот прв одговор во 20 минута преку Мичел Смит за 1:1. Малку подоцна Џамал Белкади во 26 минута донесе заслужено водство за гостите од 1:2.
Сепак, нашиот тим во 30 минута преку Анте Томиќ веднаш изедначи на 2:2. Томиќ од слободен удар прекрасно шутираше во горниот десен агол и ја затресе мрежата.
Пред да заврши првиот дел Мичел Смит повторно се запиша како стрелец за ново водство на гостите од 2:3.
За разлика од првото полувреме, во вториот дел се чекаше дури до 80 минута за да се затресе мрежата, а конечниот гол на натпреварот беше постигнат од пенал, стрелец беше повторно Анте Томиќ, со што го постигна третиот гол за вечерта за 3:3.
Во следното коло в сабота, на 11 февруари, Сиднеј Македонија гостува кај Сент Џорџ со почеток во 19 часот.