Добрата игра во првото полувреме се покажаа доволна за Сиднеј Македонија да победи над Кантербери Бенкстаун. Двата гола на Џонатан Гроздановски во 8 и 47 минута и еден на Адријан Валенти во 11 минута донесоа сигурна победа од 3–0.
Во вториот дел беа направени четири измени кај гостите и имаа подобра игра по паузата. Сепак, тие едноставно не можеа да најдат начин да постигнат гол и резултатот остана непроменет до крајот на средбата.
Во сабота, на 13 мај, Сиднеј Македонија гостува кај Нордерн Тајгерс со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 33
Сен Џорџ 27
Блектаун Спартанс 25
Бонириг Вајт Иглс 24
СД Раидерс 23
Ридалмер Лајонс 22
Кантербери Бенкстаун 21
Интер Лајонс 21
Нордерн Тајгерс 19
Сиднеј Македонија 18
Хакоа Сиднеј Сити Ист 18
Макартур Рамс 17
Дулвич Хил 14
Данбар Роверс 11
Маунтис Вондерерс 10
Централ Кост Јунајтед 10