Национална премиер лига 1 на НЈВ, 27 коло, Бонириг Вајт Иглс – Сиднеј Македонија 2:1

Бонириг Вајт Иглс беше подобар и заслужено оствари победа со десет играчи на теренот. Од самиот почеток домаќинот тргна силно и во 5 минута преку Брад Бартелс дојде од водство од 1:0. За вториот гол не се чекаше долго, во 10 минута Зак Сфилиго зголеми на 2:0. Нашата Сиднеј Македонија успеа да намали со автоголот на одбранбениот играч Томас Вајтсајд за 2:1.
Во второто полувреме Вајт Иглс останаа со играч помалку но тоа не влијаеше на резултатот. Со освоените три бода Бонириг Вајт Иглс сега избија на чело на табелата прескокнувајќи го Хилс Јунајтед кој загуби од Сент Џорџ со 2:0.
Во недела, на 12 август, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Данбар Роверс со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Бонириг Вајт Иглс 58
Хилс Јунајтед 57
Сент Џорџ 51
Кантербури Банкстаун 49
Нордерн Тајгерс 47
СД Раидерс 46
Интер Лајонс 43
Блектаун Спартанс 39
Ридалмер Лајонс 33
Дулвич Хил 32
Сиднеј Македонија 31
Макартур Рамс 31
Хакоа Сиднеј Сити Ист 30
Данбар Роверс 28
Маунтис Вондерерс 23
Централ Кост Јунајтед 14

Останати вести