Двете страни добро го започнаа овој натпревар, но Макартур Рамс прв дојде до водство во 26-тата минута, краток корнер што ја изненади одбраната на Сиднеј Македонија и Антони Проја имаше лесна задача да ја затресе мрежата за 1:0.
Конечниот исход на играта ја реши раното исклучување на Џејмс Мекензи, кој во 55 минута го доби вториот жолт и автоматски црвен картон. Со играч помалку Сиднеј Македонија, во 76 минута постигна израмнувачки гол преку Никола Тодороски, но не можеше да издржат со човек помалку до крајот. Домаќинот во 80 минута повторно преку Проја дојде до гол за конечните 2:1.
Во понеделник, на 10 април, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на СД Раидерс со почеток во 17:30 часот.
ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 22
Сент Џорџ 19
Блектаун Спартанс 17
Кантербури Бенкстаун 16
СД Раидерс 16
Ридалмер Лајонс 15
Хакоа Сиднеј Сити Ист 14
Нордерн Тајгерс 13
Макартур Рамс 13
Интер Лајонс 12
Сиднеј Македонија 10
Бонириг Вајт Иглс 9
Дулвич Хил 9
Дунбар Роверс 6
Централ Кост Јунајтед 5
Маунтис Вондерерс 4