Уште една разочарувачка средба за љубителите на Престон кои беа сведоци на уште еден пораз, екипата нема победа во изминатите седум натпревари. Тимот не играше толку лошо но едноставно кога нападот не функционира и се примаат лесно голови математиката е едноставна.
Домаќинот двата гола ги постигна во второто полувреме и за баксуз обата беа автоголови од фудбалерите на Престон Македонија.
Норткот Сити првиот гол за водство го постигна во 71 минута, преку Џејкоб Левер, кој изведе чудно корнер, топката одскокна од земјата доби необична траекторија се одби од Харли Ор, и неочекувано полека влезе во мрежата за 1:0.
Вториот гол беше постигнат во 90 минута, Акиро Јучида со одличен пробив стигна до голот од левата страна и ја прати топката кон средината на казнениот простор, се одби од Роберт Пачкауски и веќе беше 2:0.
Преостануваат уште три натпревари до крај на сезоната и веќе не постои никаква шанса за освојување на шампионатот, а тимот од лидер полека тоне кон средината на табелата.
Во петок, на 28 јули, Престон Македонија ја пречекува екипата на Булин Лајонс со почеток во 20:30 часот.