Продолжува падот на формата во тимот на Престон Македонија и забележан е уште еден пораз минатиов викенд. Домаќинот забележа тесна победа но имаше водство преку целиот натпревар. Во првото пшолувреме во 19 минута Крис Рамзи донесе водство за Истерн Лајонс од 1:0.
Во вториот дел Ендру Лапејџ зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Аедон Кира кон крајот на средбата за 2:1.
Следното коло завршува сезоната и се игра на домашен терен на Престон Македонија, а двете легенди во клубот – Наум Секуловски и Роб Стамболџиев ќе го одиграат својот последен натпревар во дресот на Престон Македонија. Им посакуваме успех во понатамошниот живот на двата ветерани кои навистина со душа играа за “лавовите“.
Во сабота, на 19 август, Престон Македонија ја пречекува екипата на Брансвик Сити со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Вестерн Јунајтед 43
Данденонг Сити 43
Манингам Јунајтед 41
Кингстон Сити 41
Истерн Лајонс 39
Норткот Сити 37
Престон Македонија 35
Булин Лајонс 33
Мелбурн Сити 33
Лангварин 33
Вереби Сити 31
Мореланд Зебрас 29
Брансвик Сити 27
Паско Вале 23