Национална премиер лига 2 на Викторија, 26 коло, Престон Македонија – Брансвик Сити 2:2

Заврши годинашната сезона за Престон Македонија со нерешен резултат против Брансвик Сити, екипа која се бореше за опстанок во лигата. На овој натпревар пред домашната публика двете легенди на клубот – Наум Секуловски и Роб Стамболџиев официјално се збогуваа со публиката и со дресот на Престон.

Во првото полувреме се играше без голови но имаше возбудливи моменти.

Во вториот дел само што започна и Џеси Макарунес во 48 минута ја затресе мрежата за водство на гостите од 0:1. Следеше уште едно непријатно изненадување кога во 80 минута Остен Вонг ја затресе мрежата за 0:2. Како спасител од иминентниот пораз се појави ветеранот Роберт Стамболџиев во неговиот финален натпревар, со головите во 89` и во 90 минута од пенал за 2:2.

Многу ветуваше оваа сезона од почетокот па се до последните десет натпревари. “Лавовите“ од првото место на крај завршија на осмото.

Необјасниво голем пад во формата на тимот се случи. Последната победа на Престон беше забележана на 2 јуни, кога го совлада Данденонг Сити со 2:1. Практично од тој датум до крај на сезонава се играше нерешено или со порази.

Следната сезона промоција во Националната премиер лига добија Данденонг Сити и Манингам Јунајтед.

ТАБЕЛА

Данденонг Сити 49
Манингам Јунајтед 44
Вестерн Јунајтед 43
Кингстон Сити 41
Истерн Лајонс 39
Норткот Сити 37
Булин Лајонс 36
Престон Македонија 36
Мелбурн Сити 36
Лангварин 36
Вереби Сити 31
Брансвик Сити 31
Мореланд Зебрас 29
Паско Вале 26

Останати вести