Вечерна средба пред домашната публика е секогаш дополнителна мотивација за “лавовите“. Се играше брзо со удари од далечина кои беа многу непрецизни и голманите немаа многу работа во првото полувреме. Но затоа во завршницата беше интересно и буквално во последните моменти од средбата Престон Македонија успеа да извлече нерешен резултат.
За првиот погодок се чекаше дури до 80 минута, кога гостите преку несреќен автогол на Карл Баришевиќ дојдоа до водство од 0:1. Како што изминуваа последните моменти од средбата, во 92 минута, еден силен удар во казнениот простор на Матју Тригер, во мешаницата топката се одби од гостински играч и заврши во мрежата за 1:1.
На крајот нерешениот резултат беше реален од прикажаното и двете екипи треба да се задоволни. Годинашното првенство е многу изедначено и оваа средба покажува дека дури и екипа која е претпоследна може да биде проблематична.
Следниот натпревар е в среда, на 29 март, кога Престон игра за Купот на Австралија и ја пречекува екипата на Окли Канонс. Почеток на средбата е во 20 часот.
Регуларното првенство продолжува в сабота, на 1 април, Престон Македонија гостува кај Лангварин со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Лангварин 13
Паско Вале 12
Вестерн Јунајтед 12
Престон Македонија 11
Кингстон Сити 9
Истерн Лајонс 9
Манингам Сити 8
Брансвик Сити 7
Мореланд Зебрас 7
Норткот Сити 6
Вереби Сити 5
Данденонг Сити 5
Мелбурн Сити 4
Булин Лајонс 3