Национална премиер лига 2 на Викторија, 7 коло, Лангварин – Престон Македонија 1:2

“Лавовите“ повторно се најдоа во ситуација во последните минути од средбата да го добијат натпреварот. Во првото полувреме се играше рамноправен фудбал и се чекаше за гол до крај на првиот дел. По една наивна грешка на одбраната на Престон, домаќинот веднаш испорача казна и преку Кристофер Грегори во 44 минута дојде до водство од 1:0.

Во второто полувреме се префрли динамиката и Престон Македонија постојано се обидуваше да постигне гол, а тоа најпосле му успеа на Џордан Фигон, кој го постигна својот прв гол во 73 минута за 1:1. Истиот играч беше заслужен и за победничкиот гол кој беше постигнат во 84 минута за 1:2.

Укнижени се три значајни бодови и се одржува чекор со лидерот на табелата Паско Вале.

На средбата за Купот на Австралија, Престон Македонија беше поразена од Окли Канонс со 1:3, и со тоа е елиминирана од понатамошното натпреварување за овој престижен трофеј.

Во петок, на 7 април, Престон Македонија ја пречекува екипата на Брансвик Јувентус со почеток во 20 часот.

Останати вести