Вечерен натпревар пред домашната публика за државниот празник на Велики петок заврши со победа на Престон Лајонс. Резултатот не покажува колку ова беше тежок натпревар во кој благодарение на цврстата одбрана не беше дозволено на гостите да постигнат гол.
Во првото полувреме пред двата гола имаше шанси но резултатот остана 0:0.
За првиот гол се чекаше моментот кога на нафрлената топка во казнениот простор дотрча Делано Феро и со глава во 64 минута успеа да ја затресе мрежата за 1:0. Се редеа шанси и добри одбрани но немаше гол се до 92 минута, кога по нафрлената топка од корнер Џордан Фигон најдобро се снајде и ја протна топката во голот за 2:0.
Ова за Престон беше воедно и првата победа на домашен терен во оваа сезона, со Паско Вејл беше забележан пораз, а со Мелбурн Сити нерешен резултат.
Во понеделник, на 17 април, Престон Македонија гостува кај Кингстон Сити со почеток во 20:15 часот.

ТАБЕЛА
Престон Лајонс 17
Кингстон Сити 16
Паско Вале 16
Вестерн Јунајтед 15
Лангварин 13
Норткот Сити 9
Манингам 9
Вереби Сити 9
Истерн Лајонс 9
Данденонг Сити 8
Брансвик Сити 7
Мореланд Зебрас 7
Булин Лајонс 6
Мелбурн Сити 4