Национална премиер лига 3 на Викторија, 12 коло, Престон Македонија – Норт Саншајн Иглс 2:0

Минатиов петок, на вечерната средба лутиот противник беше сигурно декласиран на стадионот во Резерво. Се играше четвртата минута кога со брз продор Конор Бел стигна до шеснаесетникот и од левата страна ја испрати топката дијагонално до Крис Давис, кој имаше лесна задача да ја смести топката во небранетата мрежа за 1:0. После тоа непотребно Давис дотрча до публиката и ја извади маицата славејќи за постигнатиот гол за што веднаш доби жолт картон од судијата. До крајот на првиот дел имаше само уште една добра шанса за Престон Македонија, а гостите немаа ниту еден прецизен удар.

Во второто полувреме, по еден период на притисок од Норт Саншајн, во една акција после одземање на топката во 63 минута Конор Бел неочекувано доби една одбиена топка и со глава ја смести во мрежата за 2:0. Потоа се играше претежно на средината од теренот без некои големи возбудивања, а гостите останаа со играч помалку во 91 минута кога Рајан Стјуарт го доби вториот жолт картон и автоматски црвен.

Во петок, на 10 јуни, Престон Македонија ја пречекува екипата на Спрингваел Вајт Иглс со почеток во 20:30 часот.

Останати вести