Уште во првото полувреме беше решен натпреварот за слатка победа во гости и обезбедување на три важни бодови за Џилонг Македонија. Незгодниот противник Норт Саншајн сигурно не очекуваше дека така ќа биде надигран на својот терен. Во 15 минута првиот гол за водство го постигна Вердан Стојановиќ за 0:1. Оваа предност не траеше долго бидејќи во 20 минута, по досудениот пенал, домаќинот успеа да израмни на 1:1.
Десет минути подоцна по втор пат Стојановиќ се запиша како стрелец за ново водство од 1:2.
Конечниот резултат од 1:3 го постави во 37 минута Машахиро Мисуда.
До крајот на средбата немаше голови иако имаше неколку возбудливи моменти пред двата гола.
Во петок, на 17 јуни, се игра македонски дерби натпревар во кој Џилонг Македонија на Стед парк ја пречекува Престон Македонија со почеток во 20:30 часот.