Шампиони за натпреварувачката сезона во 2022 официјално е екипата на Престон Македонија. Во последниот натпревар за Престон доволно ќе беше и нерешен исход за да биде прв на табелата, но “лавовите” решија во стил, со висока победа да остават печат.
Во првото полувреме Нуха Шехавдиќ ја затресе мрежата во 28 минута за 0:1. Со овој резултат заврши првиот дел и се замина на одмор.
Во второто полувреме Крис Давис во 50 минута зголеми на 0:2. Додека конечниот резултат за 0:3 го постави Давис со својот втор погодок дента во 56 минута.
Ова е голем подвиг за управата, тренерот Љупчо Ацевски и фудбалерите на Престон Македонија кои со супериорна победа ја завршија сезоната.
После натпреварот бројната публика што дојде да биде сведок на овој настан му пееше на тренерот „Луи мајсторе”.
Следната година “лавовите“ ќе се натпреваруваат во нова срединам – во Националната премиер лига 2 на Викторија, каде заслужено добија промоција.
Ова е добра вест за нашата заедница дека сега имаме по еден претставник во трите најсилни лиги: Алтона Маџик Вардар во првата, Престон Македонија во втората и Џилонг Македонија во третата премеир лига.
Честитки и им го посакуваме истот успех и во наредната сезона.