Национална премиер лига 3 на Викторија, 3 коло, Џилонг Македонија – Есендон Ројалс 2:2

Средба од која Џилонг Македонија не може да биде задоволна од резултатот кој не соодветствува на прикажаната игра. За отворање на резултатот беше заслужен јапонскиот играч Таира Јошимура, кој во 14 минута од слободен удар постигна прекрасен гол со кој Џилонг дојде до водство од 1:0. Гостите возвратија во 23 минута преку Рајан Макавој за 1:1. Со нерешен резултат се замина на одмор на крај од првиот дел.

Во второто полувреме во 54 минута Тоне Трајковски со силен удар од аголот на казнениот простор ја затресе мрежата за ново водство од 2:1. Следуваше кобната 83 минута и досудениот пенал преку кој Есендон успеа да изедначи, а стрелец беше Давид Ваншип за 2:2. 

Во сабота, на 8 април, Џилонг Македонија гостува кај Бокс Хил Јунајтед со почеток во 15:30 часот.

Останати вести