Средба во која беа постигнати дури девет голови, драма и пресврт од која на крај беа поразени нашите “лавови“ од Џилонг. Секогаш е тешко да се игра на стадионот на Норт Саншајн кој има публика која повеќе пати има покажано дека знае неспортски да се однесува. Но вината е и во одбраната на Џилонг Македонија која не успеа да го зачува водството од 2:4 што беше на полувремето.
Стрелци на головите за Џилонг беа Јошимура 2 и Трајкоски 2. Норт Саншајн дојде до водство 12 минута со голот на Фумиќ. Потоа следеше серија на Џилонг со Јошимура во 22 и 26 минута и Трајкоски 24` (пенал) и 33 минута за 1:4. Пред крај на првото полувреме Епифано намали на 2:4.
Во второто полувреме, само што започна играта, во 49 минута Чуаве намалува на 3:4. Додека изедначувањето се случи во 81 минута преку Стјуварт за 4:4. Во 90 минута Спитери доби црвен катон и беше досуден пенал за домаќинот, а сигурен егзекутор беше Епифано за 5:4.
Во сабота, на 29 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Нанавадин Сити со почеток во 20 часот.