Национална премиер лига 3 на Викторија, 12 коло, Даутон – Џилонг Македонија 2:1

Загрижувачки е што минатава сабота повторно се забележа пораз, и од последните пет одиграни средби освоени се само четири бода. Сега Џилонг Македонија е на десетто место со еден бод повеќе од Есендон Ројалс кој има 12. Додека убедливо последен е Баларат Сити со само еден бод.
Во првото полувреме добар беше почетокот кој заврши со предност од 0:1 за Џилонг Македонија, стрелец беше Лајонел Масуди.
Во вториот дел од средбата домаќинот со погодоците на Дилан Томас и Рос Фрејм направи пресврт и победа од 2:1.
Во сабота, на 10 јуни, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Баларат Сити со почеток во 18 часот.

Останати вести