Натпревар кој беше од исклучителна важност за Џилонг Македонија да ги освои трите бода, но за жал екипата се врати без бодови и пораз. Сега со овој резултат дојде до замена на позициите и Есендон отиде на местото на Џилонг Македонија, а нашиот клуб се симна на табелата за уште една скала поблиску до опасната зона.
Под Џилонг со 14 бода е само Бокс Хил кој има еден бод помалку и Баларат Сити што е убедливо последен со 2 бода.
Есендон Ројалс преку Матео Балан во 4 минута дојде до водство и тоа го одржа до крај на првиот дел.
Во второто полувреме следеа уште два гола на Есендон Ројалс во 76` и 85 минута. Почесниот гол за Џилонг беше постигнат во 55 минута за 3:1.
Во сабота, на 24 јуни, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Бокс Хил Јунајтед со почеток во 18 часот.