Блектаун Сити – Рокдаел Илинден 1:0
На почетокот на натпреварот домашните подобро се снајдоа на лизгавиот терен и во 9-тата минута со голот на Аојама дојдоа во водство, и тоа им беше доволно да ги освојат трите бода.
Блектаун Сити на оваа средба направи своевиден подвиг бидејки натпреварот го заврши со само 9 играчи и заслужено славеше победа. На пет минути пред крајот на првото полувреме (поради два жолти картони) капитенот на домашните, Левис мораше да го напушти теренот, а во 81 минута истото се случи со Бандиера.
Во последните мигови од средбата имаше многу возбудувања пред голот на Блектаун но иако фудбалерите на Илинден имаа бројчана предност и со сите сили настојуваа да го изедначат резултатот не успеаја да го пројдат “бетонскиот ѕид” на противникот.
Во следното коло, в недела, 13 март, Илинден гостува кај Сиднеј Олимпик со почетокот на натпреварот во 16.00 часот.