Национална премиер лига на Викторија, 1 коло, Алтона Маџик Вардар – Хајделберг Јунајтед 0:1

Минатата сабота започна новата сезона на најсилната лига во Викторија, во која претставник на македонската заедница е Алтона Маџик Вардар. За жал на првиот натпревар, што се играше на прекрасно летно време, поуспешен беше гостинскиот тим кој со единствениот гол на Асахи Јококава во 29 минута ги освои трите бодови.

Разликата беше во нијанси и додека во првото полувреме доминираа гостите во вториот дел и Алтона Маџик имаше свои моменти. Но Не е лесно кога се игра со речиси комплетно нова екипа.

Подмладокот на Алтона Маџик играше нерешено 2:2.

Ќе биде потребно време да се уигра тимот на Алтона Меџик Вардар оваа сезона, бидејќи е целосно изменет од минатата година, кога обезбеди пласман во финалната серија а го имаше и најдобриот стрелец во НПЛ, Џонас Марковски.

Клубот го напуштија тренерот Џон Марковски, а со него заминаа и поголем број фудбалери од првиот состав како: Куба, Семи, Воерндл, Кастиело, браќата Марковски итн.

Новиот тренер на “црвен црните” е познатото фудбалско име Горан Лозановски, кој со новите фудбалери ќе треба да го постигне максимумот.

Алтона Маџик Вардар: Хејден Браун, Матиас Гонзалес, Арон Одрискол, Недим Скендеречиќ, Џон Стојчевски, Натан Либерто, Стефен Ловлес, Дарси Анастасовски, Сад Мукачер, Бул Јуач и Даниел Фабризио.

Во петок, на 16 февруари, Алтона Маџик Вардар гостува кај Данденонг Сити со почеток во 19:45 часот.

Останати вести