Национална премиер лига на Викторија, 12 коло, Алтона Маџик Вардар – Хјум Сити 0:2

Кратката серија на победи за Алтона Маџик беше прекината минатава сабота со поразот на домашен терен. Хјум Сити со по еден гол во двете половини сосема заслужено ги однесе трите бода од оваа средба. Во 11 минута Амир Абдала ја затресе мрежата за 0:1.
Во второто полувреме Лојд Исгров во 67 минута го постави конечниот резултат од 0:2.
По оваа средба Вардар е на десеттото место со 13 бодови.
Алтона Маџик Вардар настапи со следниот состав: Кристијан Роси, Матиас Гонзалес, Арон О`Дрискол, Натан Либерто, Дарси Анастасовски, Нух Сехавдиќ, Сад Моукачер, Бул Џуак, Алекс Густ, Мохамед Ел Хавли и Исмаил Хаџи.
Во сабота, на 11 мај, Алтона Маџик Вардар гостува кај Манингам Јунајтед Блуз со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Саут Мелбурн 29
Хајделберг Јунајтед 26
Авондаел 26
Хјум Сити 26
Окли Канонс 22
Порт Мелбурн 21
Данденонг Сити 16
Мелбурн Најтс 14
Грин Гали 14
Алтона Маџик Вардар 13
Данденонг Тандер 11
Манингам Сити 9
Сент Албанс Саинтс 7
Мореланд Сити 0

Останати вести