Интересен натпревар на кој беа постигнати дури девет голови, а што е најважно Алтона Маџик Вардар славеше победа и нови три бодови на салдото. За првиот гол не се чекаше, и во 4 минута Бул Џуак ја затресе мрежата за 1:0. Оваа предност за Вардар траеше до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, само што започна играта и гостите во 48 минута преку Кристос Теодоракопулос изедначија на 1:1. Следеше брз одговор од Џуак со два голови во 68и 64 минута за 3:1. Малку подоцна во 68 минута му се придружи и Дарси Анастасовски за 4:1. Ова високо водство им даде малку преголем комфор на фудбалерите на Алтона Маџик Вардар, и следеше враќање во реалноста кога гостите со головите на Ал Сади во 76, Џејмс Тоунтас 77` и Томас Голдинг во 78 минута дојдоа до изедначување од 4:4.
Наеднаш од добиен натпревар изгледаше дека може да се извлече едвај нерешена игра. Како спасител се појави Стефен Лоулес во 87 минута, и со неговиот гол се реши средбата за конечните 5:4.
Во недела, на 19 мај, Алтона Маџик Вардар игра во гости кај Хајделберг Јунајтед со почеток во 16 часот.
ТАБЕЛА
Хајделберг Јунајтед 29
Авондаел 29
Саут Мелбурн 29
Оакли Канонс 28
Хјум Сити 26
Порт Мелбурн Шаркс 21
Данденонг Сити 16
Алтона Маџик Вардар 16
Мелбурн Најтс 15
Грин Гали 15
Данденонг Тандер 11
Манингам Јунајтед 9
Сент Албанс 7
Мореланд Сити 3