По минатонеделната висока победа над Сент Албанс, овој пораз беше отрезнувачки за Вардар. Домаќинот Окли Канонс оправдано е втор на табелата и тоа го покажа со доминантна партија фудбал низ целиот натпревар. Окли поведе во 26 минута со голот на Конор Хампсон за 1:0. Алтона Маџик Вардар успеја да изедначи преку извонредниот Џонас Марковски во 41 минута за 1:1. Тоа беше одлично изведен слободен удар после кој се затресе пречката, а на одбиената топка Марковски скокна и со глава ја испрати во мрежата. За жал во последните мигови од првиот дел Хампсон повторно се запиша како стрелец за ново водство на домаќинот од 2:1.
Во второто полувреме продолжи да се тресе мрежата на Боулинг, во 57 и 83 минута Даниел Кларк двапати постигна гол за 4:1. Додека конечниот резултат го постави Крис Лукас во 87 минута за 5:1.
Во недела, на 30 април, Алтона Маџик Вардар гостува кај Саут Мелбурн со почеток во 16 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 28
Окли Канонс 23
Саут Мелбурн 22
Мелбурн Најтс 17
Грин Гали 15
Алтона Маџик Вардар 14
Хјум Сити 13
Порт Мелбурн 12
Данденонг Тандер 10
Хајделберг Јунајтед 9
Мореланд Сити 8
Сент Албанс Саинтс 7
Норт Џелонг 4
Бентли Гринс 3