За неколку нијанси беше подобар гостинскиот тим кој со по еден гол во двете полувремиња ги обезбеди трите бода. Порт Мелбурн релативно рано дојде до водство кога во 11 минута преку Валентин Чесник ја затресе мрежата за 0:1. Тоа беше еден брз напад по одземена топка во која одбраната беше фатена на спиење. Опсадата на голот на Алтона Маџик продолжи се до 25 минута кога беше направен првиот посериозен напад на црвено-црните.
Во второто полувреме продолжи слична игра како и во првиот дел и во 61 минута шутот на Антони Ианчело надвор од шеснаесетникот доби малку изменет пат откако се одби од одбранбениот играч на Вардар и заврши во мрежата на Роси за 0:2. До крај на средбата немаше измена на резултатот иако Алтона Маџик играше подобро во завршницата.
Во сабота, на 20 мај, Алтона Маџик гостува кај Хјум Сити со почеток во 18:30 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 34
Саут Мелбурн 31
Оакли Канонс 29
Мелбурн Најтс 27
Порт Мелбурн Шаркс 21
Грин Гали 18
Алтона Маџик Вардар 17
Данденонг Тандер 16
Хјум Сити 14
Сент Албанс Саинтс 13
Хајделберг Јунајтед 13
Мореланд Сити 9
Норт Џилонг 7
Бентли Гринс 6