Средба во која клинички беше совладана Алтона Маџик, и тоа во завршницата кога се појави надеж дека може да се направи чудо, гостите безмилосно покажаа зошто се први на табелата. Првиот дел беше без гол се до 36 минута, кога преку пенал Лиам Боланд го отвори резултатот за водство на Авондале од 0:1. Со таа предност гостите заминаа на одмор.
Во вториот дел за следниот гол се чекаше до 53 минута, топката од левиот дел на шеснаесетникот беше префрлена дијагонално на спротивната страна и Зандегај со прекрасен удар зголеми на 0:2. Следеше голот на Стефан Зини во 57 минута. Тој имаше лесна задача и од непосредна близина го совлада Кристијан Роси за 0:3. Сите мислеа дека се е завршено и се чекаше да се одиграат последните минути од средбата, но тогаш настапи младиот Џонас Марковски тресејќи ја мрежата во 85 минута и во 89 од пенал за 2:3.
Наеднаш сите на теренот помислија дека сме сведоци на неверојатен пресврт, но тогаш се покажа млака одбраната на Алтона Маџик Вардар и се редеа голови. Во 90 минута Зандегај со соло продор стигна пред голот и веќе беше 2:4. Стрелец и на последниот гол за конечниот резултат беше Зандегај, преку пенал во 93 минута, со што постигна хет-трик на средбата за 2:5.
Во сабота, на 3 јуни, Алтона Маџик игра во гости кај Норт Џилонг Вориорс со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 40
Саут Мелбурн 37
Окли Канонс 33
Мелбурн Најст 31
Порт Мелбурн 24
Данденонг Тандер 22
Грин Гали 18
Хјум Сити 17
Алтона Маџик Вардар 17
Хајделберг Јунајтед 16
Сент Албанс Саинтс 13
Мореланд Сити 12
Бентли Гринс 9
Норт Џилонг 7