Национална премиер лига на Викторија, 17 коло, Алтона Маџик Вардар – Мореланд Сити 3:1

Добро одработен натпревар и заслужена победа за Алтона Маџик на Паисли парк. Со напаѓачки почеток силно започнаа избраниците на тренерот Џон Марковски, и после 8 минути игра беше досуден пенал. Како сигурен егзекутор на најстрогата казна беше младиот Марковски кој беше прецизен за 1:0. Потоа следеа неколку убави шанси и многу среќа за гостите што не беше постигнат уште еден гол. Јапонскиот играч Мики Гамо, што е новото засилување за тимот во 30 минута успеа нафрлената топка со глава да ја испрати во мрежата на гостите за 2:0. При крај на првото полувреме со првата акција на гостите пред голот на Болинг беше добиен корнер. После изведувањето нафрлената топка стигна до Кер Ароб и резултатот беше намален на 2:1. Следеше опасен старт на Мајкл Цутсис врз Марковски после кој доби втор жолт на средбата и автоматско исклучување, со што гостите останаа со играч помалку до крајот.
Во второто полувреме имаше многу шанси но резултато не се промена се до 78 минута кога Џонас Марковски ја затресе мрежата за конечните 3:1. Сега Џонас Марковски е најдобар стрелец во лигата со 12 постигнати гола. Ова воедно за младиот фудбалер беше и неговиот 50 натпревар во дресот на Алтона Маџик Вардар.
Во сабота, на 16 јуни, Алтона Маџик Вардар гостува кај Грин Гали со почеток во 20 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 46
Саут Мелбурн 43
Окли Канонс 39
Мелбурн Најтс 34
Порт Мелбурн 27
Грин Гали 24
Алтона Маџик Вардар 23
Данденонг Тандер 22
Хајделберг Јунајтед 19
Хјум Сити 17
Сент Албанс Саинтс 13
Мореланд Сити 12
Бентли Гринс 9
Норт Џилонг 7

Останати вести