Национална премиер лига на Викторија, 2 коло, Данденонг Сити –Алтона Маџик Вардар 3:2

На гостувањето кај Данденонг беше прикажана добра игра но за жал за Алтона Маџик Вардар спортската среќа беше на страна на домаќинот. Во првото полувреме Данденонг преку голот на Џорџ Ламбадаридис во 42 минута дојде до водство од 1:0.

Само што започна вториот дел во 46 минута ладен туш кога Вил Бовер зголеми на 2:0. Соочени со со иминентен пораз фудбалерите на Горан Лозановски го дадоа својот максимум и во 53 минута Бул Џуак намали на 2:1. Во завршницата, во 85 минута Дарси Анастасовски го совлада голманот Џон Хол за изедначување и 2:2. Но радоста не треаше долго бидејќи во 87 минута Џекоб Александер постигна гол за Данденонг Сити и конечните 3:2.

Алтона Маџик Вардар: Хејден Браун, Матиас Гонзалес, Џордан Делидис, Арон О`Дрискол, Џон Стојчевски, Стефен Лолес, Дарси Анастасовски, Сад Моукачер, Бул Џуак, Алекс Гаст и Даниел Фабризио.

Во петок, на 23 феврури, Алтона Маџик ќе гостува кај Окли Канонс со почеток во 20:30 часот.

Останати вести