Национална премиер лига на Викторија, 24 коло, Окли -Алтона Маџик Вардар 1:0

Продолжува лошата серија на Алтона Маџик Вардар, во која четири натпревари во низа се забележуваат порази. Рака на срце мора да се признае дека и распоредот беше неповолен и се играа три средби со екипи што се од првото до четвртото место. Сега екипата ќе мора да се соземе и следниот натпревар мора задолжително да се освои бод бидејки нов пораз би значело влегување во опасната зона за испаѓање во завршницата.
На натпреварот минатиов викенд што се играше во гости единствениот гол на средбата беше постигнат пред крај на првото полувреме во 45 минута, а стрелец беше Броди Бојс за 0:1. Тоа се покажа доволно до крајот за Окли да ги земе трите бодови.
Во сабота, на 16 август, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Порт Мелбурн Шаркс со почеток во 15:15 часот.

Останати вести