Национална Премиер лига на Викторија – 11. коло, Алтона Маџик Вардар – Данденонг Сити 1:0

Екипата на Алтона Маџик Вардар забележа важна победа од 1:0 против Данденонг Сити, во  еден возбудлив натпревар.

Херој на средбата беше Гаранг Ароу, кој во 21. минута го постигна единствениот погодок, искористувајќи ја шансата во вистински момент и носејќи ѝ предност на екипата на “црвено црните”.

Алтона Маџик Вардар одигра тактички зрело, притискајќи на вистинските места и реализирајќи кога беше најпотребно. Натпреварот доби дополнителна драматика во завршницата, кога гостите останаа со играч помалку – Хери Аскрофт во 80. минута доби црвен картон и автоматско исклучување од игра.

Со оваа победа Алтона Маџик Вардар се искачи на 12 место на табелата и го насочува фокусот кон следниот предизвик.

Во наредното коло, на 9 мај (сабота), Алтона Маџик Вардар ќе гостува кај Авондаел, во натпревар што ќе започне во 15:00 часот.

Останати вести