Алтона Маџик Вардар и Џорџ Крос ги поделија бодовите, одигрувајќи 1:1 во натпревар од 23. коло на Националната Премиер лига на Викторија.
По израмнето прво полувреме „црвено-црните“ поведоа во 50. минута со погодокот на Хијори Кавагучи, кој донесе голема радост кај домашните навивачи. Сепак, предноста траеше кратко, бидејќи гостите успеаја да израмнат во 63. минута преку Алекс Саниел, кој ги постави конечните 1:1.
Иако останаа без целосниот плен, во таборот на Алтона Маџик Вардар можат да бидат задоволни од освоениот бод. Тимот ја продолжува позитивната серија на резултати, а новиот бод им овозможи да се искачат уште едно место погоре на табелата.
Следниот предизвик за Алтона Маџик Вардар е во петок, 14 август, кога ќе гостува кај Данденонг Сити. Натпреварот започнува во 19:45 часот.