Национална премиер лига на Викторија, 6 коло, Мелбурн Најтс – Алтона Маџик Вардар 3:1

Традиционално е незгоден противник Мелбурн Најтс за сите екипи што ќе се појават на неговиот терен, па така беше и оваа сабота. По пет минути игра Џиано Албано во еден брз напад на домаќинот со силен удар од 15 метри ја смести топката во горниот десен агол за 1:0. Притисокот продолжи врз половината на магичните и само добрите одбрани на Боулинг го задржаа резултатот непроменет.

Во второто полувреме Најтс со головите на Киаран Брамвел во 75` и Мохамед Сумаоро дојдоа до високо водство од 3:0. Почесниот гол во 85 минута за ублажување на поразот преку пенал го постигна Џонас Марковски за 3:1.

Алтона Маџик Вардар: Боулинг, Кастиело, Андерсон, Стојчевски, Микалеф, Марковски, Лич, Семи, Хардинг, Воерндл и Куба.

Во сабота, на 1 април, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Данденонг Тандер со почеток во 18:15 часот.

Неколку дена подоцна, во вторник, на 4 април, Алтона Маџик игра за Купот на Австралија и гостува кај Каролајн Спрингс Џорџ Крос со почеток во 19:30 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 16
Окли Канонс 12
Саут Мелбурн 12
Мелбурн Најтс 11
Грин Гали 9
Порт Мелбурн 8
Мореланд Сити 8
Хјум Сити 7
Сент Албанс Саинтс 7
Данденонг Тандер 7
Хајделберг Јунајтед 7
Алтона Маџик Вардар 5
Норт Џилонг 3
Бентли Гринс 0

Останати вести