Национална премиер лига на Викторија, 7 коло, Алтона Маџик Вардар – Данденонг Тандер 3:2

Прекрасна победа пред домашната публика и уште еден доказ дека младиот Џонас Марковски станува сила која во иднина ќе го предводи тимот на црвено-црните. Почетокот беше со непријатно изненадување кога гостите преку Град Дамен во 22 минута дојдоа до водство од 0:1. Нивната радост не траеше долго бидејќи во 31 минута Томи Семи изедначи на 1:1 и со тој резултат се замина на одмор.

Само што започна вториот дел Вардар беше во водство со голот на Чарли Лич во 48 минута. Се уште не беа освестени гостите а Џонас Марковски зголеми во 52 минута на 3:1. Данденонг до крајот само успеа да го ублажи поразот со гол на Киеран Довер во 75 минута и конечните 3:2.

Алтона Маџик овој вторник игра во елиминационен натпревар за Купот на Австралија, и гостува кај Каролајн Спрингс Сент Џорџ со почеток во 19:30 часот.

Алтона Маџик Вардар: Боулинг, Кастиело, Андерсон, Стојчевски, Марковски, Лич, Семи, Раденковиќ, Воерндл, Гонзалес и Куба.

Во недела, на 9 април, Алтона Маџик гостува кај Хајделберг Јунајтед со почеток во 18 часот.

ТАБЕЛА

Авондаел 19
Саут Мелбурн 16
Окли Канонс 15
Грин Гали 12
Мелбурн Најтс 11
Хјум Сити 9
Порт Мелбурн 9
Хајделберг Јунајтед 8
Алтона Маџик Вардар 8
Мореланд Сити 8
Данденонг Тандер 7
Сент Албанс Саинтс 7
Бентли Гринс 3
Норт Џилонг 3

Останати вести