Магичен натпревар за Велики петок и висока победа пред домашната публика. Наговестување за ова беше ударот на капитенот Воерндл во 7 минута, кој се одби од горната греда и прво изгледаше дека ја помина линијата на што тимот се радуваше но после тоа судијата не го призна и топката започна од голманот.
За првиот погодок се чекаше до 29 минута кога Микалеф после една брзопотезна акција стави круна со гол за 1:0. Во првото полувреме толку беше едностран натпреварот и супериорноста на Алтона Маџик, што не беше изненадување кога во 45 минута Куба се најде сам пред голот и лесно го совлада голманот за 2:0.
Во вториот дел гостите беа уште нервозни и играа грубо за што заслужено добија два жолти картони, но судијата беше премногу мек и требаше да им даде повеќе. Од никаде се создаде акција од која Томи Семи во 64 минута зголеми на високи 3:0. После тоа им се даде малку простор на Сент Албанс кои направија неколку акции но не постигнаа гол. Малку се чекаше за четвртиот гол кој во 72 минута го постигна нововлезениот Роберт Хардинг. Веќе беше решен натпреварот и како утеха за високиот пораз гостите во 79 минута постигнаа почесен гол после една грешка во голманот Боулинг, а тоа одлично го казни Фабризио за 4:1.
Конечниот резултат го постави Џонас Марковски во 92 минута за 5:1.
Во петок, на 21 април, Алтона Маџик гостува кај Окли Канонс со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Авондаел 25
Саут Мелбурн 22
Оакли Канонс 17
Мелбурн Најтс 17
Грин Гали 15
Алтона Маџик Вардар 14
Хјум Сити 13
Порт Мелбурн 12
Данденонг Тандерс 10
Хајделберг Јунајтед 8
Мореланд Сити 8
Сент Албанс Саинтс 7
Бентли Гринс 3
Норт Џилонг 3