Премногу голем залак за Алтона Маџик Вардар беше гостинскиот тим кој практично му диши на лидерот во врат. Окли Канонс практично ја решија средбата уште во првите триесет минути и после тоа спокојно ја бранеа предноста. Се играше десеттата минута кога Џо Гест ја затресе мрежата за 0:1. Додека конечниот резултат во 30 минута го постави Пиерс Воринг за 2:0.
Вечерта многу подобро помина подмладокот на Алтона Маџик кој забележа победа од 3:1.
Во сабота, на 8 јуни, Алтона Маџик Вардар гостува кај Данденонг Тандер со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Саут Мелбурн 41
Окли Канонс 37
Авондаел 36
Хајделберг Јунајтед 33
Хјум Сити 30
Порт Мелбурн Шаркс 28
Данденонг Сити 22
Алтона Маџик Вардар 17
Мелбурн Најтс 16
Грин Гали 16
Данденонг Тандер 15
Манингам Јунајтед 10
Мореланд Сити 7
Сент Албанс Саинтс 7