Национална премиер лига на ЗА, 12 заостанато коло, Олимпик Кингсвеј – Стирлинг Македонија 2:3

Ова беше заостанат натпревар од 12 коло, во кој се играше за победа и второто место во НПЛ на Западна Австралија. Средба на вториот и третиот на табелата кои сакаа да се доближат до лидерот Перт Ред Стар за да останат во трката за сезонската титула.

Домаќинот имаше подобар почеток и брзо се најде со водство од 2:0 со головите на Лиам Мареј и Калум Оконел. Но како што кажува поговорката “кој последен се смее, најслатко се смее”, тоа го направија и фудбалерите на Македонија.

“Лавовите“ предводени од капитенот Дејан Спасески најдоа сила во себа и создадоа целосен пресврт за на крај да се заврши со победа од 2:3.

Стрелци на головите на Стирлинг Македонија беа Калвин Витни (2) и Гилес Давис. 

Преостануваат уште само три кола до крајот на сезоната и сега Стирлинг Македонија е изедначена со 36 бодови на чело на табелата, единствено Перт Ред Стар има предност во подобрата гол разлика. 

Минатата сезона за Стирлинг Македонија беше импресивна, со враќање во најсилната лига на ЗА, тие завршија со четири поени зад шампионите Флореат. Оваа година се надеваме дека ќе не израдуваат со освојување на титулата.

Во сабота, на 12 август, Стирлинг Македонија во 20 коло  гостува кај Бејсвотер Сити со почеток во 17 часот.

ТАБЕЛА

Перт Ред Стар 36
Стирлинг Македонија 36
Олимпик Кингсвеј 30
Перт 29
Бејсвотер Сити 28
Балката 26
Соренто 24
Кокбур Сити 24
Армадел 23
Флореат Атена 23
Перт Глори 23
Инглвуд Јунајтед 20

Останати вести