Фудбалерите на Стирлинг Македонија заслужено славеа после тешко извојуваната победа со која се вратија на чело на табелата. Од другата страна за Флореат беше исклучително важно да освои бод од оваа средба бидејќи се бори за да не испадне од лигата.
Стрелец на победоносниот гол за Стирлинг беше Харисон Палант за победа од 2:1.
Во сабота, на 1 јули, Стирлинг Македонија гостува кај Балката со почеток во 17 часот.
ТАБЕЛА
Стирлинг Македонија 25
Перт Ред Стар 23
Балката 23
Армадел 22
Олимпик Кингсвеј 21
Соренот 19
Перт 19
Перт Глори 19
Кокбурн Сити 19
Бејсвотер Сити 18
Флореат Атена 16
Инглвуд Јунајтед 15