Национална премиер лига на ЗА, 22 коло
Стирлинг Македонија – Соренто 1:2

За прва пат пат од 1995 година нашата Стирлинг Македонија беше во игра да стане сезонски првак на најсилната лига во Западна Австралија. За жал и покрај големата подршка од трибините беше остварен разочарувачки резултат со Соренто на стадионот во “Македонија парк“.

“Лавовите“ први дојдоа до водство во 25 минута со голот на Џајлс Давис. Со резултат 1:0 се замина на одмор на крај од првиот дел.

Во второто полувреме гостите направија пресврт и прво во 61 минута со брз контранапад Гоставо Мароланда изедначи на 1:1. А конечниот резултат беше поставен четири минути подоцна кога Мароланда повторно ја затресе мрежата за 1:2.

На другата значајна средба Армадел не направи изненадување и беше совладан од Флореат Атена со 2:3, со што гостите на оваа средба станаа и шампион за 2022 година.

Регуларната сезона заврши и Стирлинг Македонија може да биде задоволна од постигнатото, со враќање во лигата веднаш стана еден од најсилните клубови и заврши на виското трето место.

ТАБЕЛА
Флореат Атена 47
Перт Ред Стар 45
Стирлинг Македонија 43
Бејсвотер Сити 39
Соренто 37
Инглвуд Јунајтед 30
Армадел 29
Перт Глори 28
Перт 24
Кокбурн Сити 22
Балката Етна 13
Гвелуп Кроација 7

Останати вести