Натпревар полн со неизвесност и пресврти беше одигран меѓу Стирлинг Македонија и Дианела Вајт Иглс, дуел кој донесе вистинска голеада и возбудлива завршница.
Гостите од Дианела започнаа фуриозно и брзо стигнаа до водство од 0:2 со голови во 19. и 20. минута, што претставуваше сериозен шок за „лавовите“. Сепак, пред крајот на првото полувреме Стирлинг Македонија успеа да се врати во игра и намали на 1:2 во 38. минута, со што замина на одмор со надеж за пресврт.
Во второто полувреме фудбалерите на Стирлинг заиграа значително подобро и стигнаа до целосен пресврт, поведувајќи со 3:2. Но драмата не заврши тука. Во завршницата гостите најпрво израмнија, а потоа на десет минути пред крај го постигнаа и решавачкиот погодок за конечни 3:4.
По ваков развој, Стирлинг Македонија остана без бодови во натпревар во кој имаше водство, но не успеа да го задржи до крај.
Во следното коло, во сабота на 16 мај, Стирлинг Македонија гостува кај Вестерн Најтс, со почеток во 17:00 часот.
ТАБЕЛА
Перт Ред Стар 20
Бејсвотер Сити 17
Олимпик Кингсвеј 17
Стирлинг Македонија 15
Вестерн Најтс 14
Перт Азури 14
Соренто 14
Дианела Вајт Иглс 12
Фриментл Сити 10
Перт Глори 9
Армадел 5
Балката 3