Национална премиер лига на НЈВ, 1 коло, Рокдаел Илинден –Сент Џорџ Сити 2:2

Tежок почеток за минатогодишните шампиони на првиот натпревар во новата сезона, но на крај Рокдаел Илинден извлече реми против локалните ривали Сент Џорџ Сити на спортскиот центар „Илинден“. Гостите преку пенал во 32 минута дојдоа до водство, а сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Марк Мекнулти.

Второто полувреме само што започна и во 53 минута Каи Дегоди зголеми на 0:2 за Сент Џорџ Сити. Соочени со пораз се покажа вистинскиот карактер на “комитите” и смогнаа сили да направат вистинско чудо. Прво златната копачка Алек Урошевски во 62 минута намали на 1:2. Следеше неизвесност до 87 минута кога Џејмс Николовски успешно изедначи за конечните 2:2.

Во сабота, на 14 февруари, Рокдаел Илинден гостува кај Сент Џорџ Саинтс со почеток во 20 часот.

Останати вести