Минимална но вредна победа за Рокдаел Илинден, кој го скрши малерот и се врати во кругот на победниците по серијата од три порази.
Комитите мораа да бидат трпеливи и покрај тоа што беа подобри во поголемиот дел од натпреварот, а единствениот гол дојде преку Џејден Касела на пет минути до крајот.
Домаќинот напорно се бореше и имаше шанса пред крај на средбата да израмнат, но голманот на Илинден Рикардо Рисо не дозволи никакво изненадување. Тренерот на Комитите, Пол Ди, беше задоволен од конечниот резултат и трите бода. Ова беше многу потребна победа за нас – тоа е крај на лошите резултати.
Рокдаел Илинден: Рикардо Ризо, Лачи Грифитс, Никола Ујдур, Алек Урошевски, Исак Данзо, 10. Брендан Чолакиан, Локи Констабл, Брајден Сорџе, (Питер Кекерис 71’), Џејден Касела ( Никола Кулески 87’) и Матеу Кордиер.
Во недела, на 7 мај, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
АПИА Лејкард 28
Маркони Сталионс 25
Рокдаел Илинден 24
Сиднеј 22
Сиднеј Јунајтед 21
Сент Џорџ Сити 20
Блектаун Сити 17
Сиднеј Олимпик 17
Сатерланд Шаркс 17
Волонгонг Вулвс 15
НЈВ Спирит 15
Манли Јунајтед 13
Ц.Кост Маринерс 10
Булс Академи 10
Вест. Сиднеј Вондер. 10
М. Друит Таун Ренџ. 8