Национална премиер лига на НЈВ, 14 коло, Рокдаел Илинден – Сиднеј 3:1

Победа на “комитите” за Денот на мајката пред домашната публика, за што најзаслужен е Алек Урошевски, еден од најдобрите стрелци во лигата. Тој беше стрелец на првиот гол во 30 минута за водство од 1:0 за Илинден. Гостите стигнаа до израмнување после досудениот пенал во 35 минута, а прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Мичел Гласон за 1:1.
Во второто полувреме во 50 минута беше досуден пенал овојпат за Рокдаел Илинден, а прецизен изведувач беше Урошевски кој повторно донесе водство од 2:1. Конечниот резултат во 60 минута го постави Георгио Сперанза за 3:1. Комитите се на второ место со еден бод зад лидерот Вондерерс кои имаат 33.
Во петок, на 17 мај, Рокдаел Илинден гостува кај Централ Кост Маринерс со почеток во 20 часот.

ТАБЕЛА

Вестерн Сиднеј Вондерерс 33
Рокдаел Илинден 32
АПИА Леикард 31
Блектаун Сити 28
Маркони 28
Сиднеј 27
Сент Џорџ Сити 24
Волонгонг Вулвс 20
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ Сеинтс 16
Манли Јунајтед 13
НЈВ Спирит 12
Хилс Брамбис 12
Сатерланд 9
Сиднеј 8
Централ Кост Маринерс 7

Останати вести