Национална премиер лига на НЈВ, 15 коло, Централ Кост Маринерс – Рокдаел Илинден 1:2

Рокдаел Илинден победи на овој вечерен натпревар во гости над младиот тим на Маринерс за избивање на чело на табелата на средина од сезоната. Домаќинот дојде прв до водство преку Донатин Нијонкуру во 13 минута за 1:0. Рокдаел веднаш возврати со силен напад и неверојатна одбрана на целосно испружениот Дилан Пераиќ-Кулен го спречи Исак Дансо да постигне израмнување.

Практично повеќе од натпреварот се играше на половина на домаќинот кој очајно се обидуваше да ја задржи минималната предност.

Во второто полувреме се играше 49 минута кога Локлан Констабл го постигна голот за израмнување од 1:1. Истиот играч во 81 минута беше заслужен и за победничкиот гол за конечните 1:2.

Тренерот на Илинден, популарниот Пол Ди, рече дека победата над подмладокот на Маринерс е благодарение на создадениот голем број на шанси и дека е задоволен од резултатот.

– Академијата на Централ Кост Маринерс има многу таленти и добро се организирани што секако се покажа денес. Силна е конкуренцијата, нема лесни игри, рече Пол Ди.

Во недела, на 26 мај, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сент Џорџ Сити со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Рокдаел Илинден 35
АПИА Лејкард 34
Вестерн Сиднеј
Вондерерс 33
Блектаун Сити 31
Маркони 31
Сиднеј Јунајтед 27
Сент Џорџ Сити 27
Волонгонг Вулвс 20
Сиднеј Олимпик 19
Сент Џорџ Саинтс 19
Манли Јунајтед 16
НЈВ Спирит 12
Хилс Брамбис 12
Сатерланд Шаркс 9
Сиднеј 8
Централ Кост Маринерс 7

Останати вести