Национална премиер лига на НЈВ, 24 коло, НЈВ Спирит -Рокдаел Илинден 6:3

Загрижувачки висок пораз на “комитите” на гостувањето кај новиот лидер на табелата. Дали во прашање е пад на формата во завршницата или нешто друго ќе покаже времето, бидејќи две недели се нижат високи порази.

Домаќинот започна силно и во 7 минута Ју Окубо донесе водство од 1:0. После тоа се редеа головите на: Џордан Перез 15`, Такуми Офука 29` и Окубо  43 минута за 4:0.

Во второто полувреме зрак на надеж беа двата голови на Рокдаел Илинден во 48 минута Џери Скотадис и Моуди Наџар во 64 минута со што се намали на 4:2. Но во завршницата НЈВ Спирит продолжи да ја тресе мрежата во 69 минута преку Мајкл Конестабо за 5:3. А конечниот резултат беше поставен во 80 минута од Такуми Офука за 6:3.

Во недела, на 27 јули, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј Јунајтед со почеток во 15 часот.

TАБЕЛА
НЈВ Спирит 52
Маркони Сталионс 52
АПИА Леикард 49
Рокдаел Илинден 49
Блектаун Сити 42
Сиднеј Јунајтед 35
Сиднеј Олимпик 33
Волонгонг Вулвс 32
Сент Џорџ Сити 32
Сиднеј 28
Манли Јунајтед 27
Сент Џорџ Саинтс 27
Сатерланд 20
Централ Кост М 18
В.С. Вондерерс 17
Маунт Друит Таун 17

Останати вести